На владина седница ќе се разгледува одобрување на неповратна финансиска помош од 120.000.000 денари за реконструкција на Универзална сала

Владата денеска, на редовната 21 седница, ќе разгледа повеќе предлог-закони и одлуки, меѓу кои е и Предлог-одлуката за одобрување 120.000.000 денари неповратна финансиска помош од Буџетот на државата, средства кои Град Скопје треба да ги искористи за реконструкција на Универзалната сала.

На дневен ред се и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за вршење  сметководствени работи, како и повеќе предлог-закони предложени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На предлог на Министерството за финансии, Владата треба да го разгледа и Предлог-законот за задолжување на Република  Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување брз автобуски превоз во Град Скопје“.

Како што најави владината прес-служба, седницата ќе почне во 12:30 часот, ќе се одвива преку видеоконференциска интернет комуникација, а за донесените одлуки и заклучоци ќе биде испратено соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега