На улица во Гази Баба фатен бегалец од затвор, вратен е во „Идризово“

 

Полицијата приведе бегалец од затвор, осуден на шест години и десет месеци затворска казна.

Според информациите од МВР, тој бил фатен денес на улицата Анри Барбис во Скопје.

„Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода А.М.(47) од Скопје. Тој бил осуден на казна затвор од шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 237 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години и девет месеци од казната“, објави МВР.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

06.06.2023 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа