Вчера во 15:33 часот, во ОВР Пробиштип била пријавена сообраќајна несреќа на улицата „Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало“.
Возачот Р.З.(50) од село Неокази, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А. (59) од село Злетово. Од здобиените повреди, жената починала на местото на настанот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Судската медицина за обдукција, а увид извршила екипа на ОВР Пробиштип.


