На свое име има само кредит - каков имот пријавила Јосифовска во Антикорупциска

Обвинителката Елизабета Јосифовска, која прва беше повикана од СЈО да даде исказ за „Рекет“ во нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување корупција на свое име пријавила единствено кредит од 170 илјади евра, кој ќе го исплаќа до 2042 година, а го зела минатата година, објави е-Магазин.

На име на сопругот пријавила два стана во Кичево, стекнати од подарок, а на име деца два стана во Скопје, стекнати со договор за купопродажба.

На име на сопругот пријавила и две возила Тојота корола.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.08.2019 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега