На свекорот му донирала дел од црниот дроб и така му го спасила животот - за подвигот на оваа снаа зборува цел регион

Нусрет Мумиќ од Живиница во Босна и Херцеговина заработил пензија во Рудникот „Ѓурѓевиќ“. Кога требало да се одмори и среќно да ги помине пензионерските денови, овој 65-годишник се разболел. Пред пет години, дијагностицирана му била цироза на црниот дроб.

На почетокот не се надевал дека е толку опасно и дека единствен спас за него ќе биде трансплантација.

Нусрет има три сина, но ниеден не можел да биде донатор на дел од црн дроб, како што покажале анализите. Сепак, можност за Нусрет се укажала. Неговата снаа Алмира Мумиќ, сопругата на најстариот син Нусмир, одлучила да дарува дел од својот црн дроб за да му го спаси животот на свекорот.

Операцијата била успешна и Нусрет добро се чувствува. После оперативниот зафат, добро се чувствува и Алмира, која веќе се вратила дома.

„Ви благодарам на сите на поддршката и желбите за брзо оздравување. Добро сум, фала му на Бога. Свекорот е одлично, но нешто подоцна ќе биде со нас дома, затоа што трансплантираните пациенти треба да бидат подолго во болница“, изјавила Алмира.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.12.2019 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега