На Стефанова и истекол мандатот - Ќе се врати во Радовиш

Обвинителката Лиле Стефанова, наместо да се врати во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, ќе биде вратена на работа во Обвинителството во Радовиш зошто мандатот и истекол.

 – Во однос на јавниот обвинител Лиле Стефанова е донесена одлука за престанок на мандатот во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со оглед дека во однос на неа и изминал мандатот од 4 години кој е утврден со датум односно нејзиниот мандат во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, и престанал на 15 мај 2018 година, изјави претседателот на Советот, Ацо Колевски, пренесе Фокус.

 

Другите обвинители се враќаат во матичните Обвинителства, а Катица Јанева остана без работа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега