На слава традиционално се подарува цвеќе и пијалок: Етнолог одговора што по правило треба да се подари

Тргнавте на слава? Се знае дека за подарок ќе однесете шише пијалок во славско ќесе, цвеќе за домаќинката и благо за децата. 

Српскиот етноло Весна Марјановиќ за Жена.рс одговори кои се примерни подароци за слава.

Кога одиме на слава, најчесто носиме пијалок, кафе, бонбониера...

Порано, на слава се носела јаболка како симбол на убави желби и коцка шеќер за децата. Преку зима, гостите носеле шака ореви. Тоа биле селски обичаи, а во градовите било сосема нормално на слава да се дојде со празни раце.

Бидејќи се повеќе луѓе од селата се населувале по градовите, така и во градовите почнало да се носат дарови за слава. Се подарувало шеќер, кафе и ракија и слични работи, кои ќе затребаат за прославата. Со тоа домачинот водел евиденција кој што носел, за да може потоа да возврати со иста мера.

Во 90-те славите станале статусен симбол и полека почнале да се преселуваат дури и во кафеаните со многу повеќе подароци.Но, што всушност треба да се донесе на слава?

Официјално, не постои правило за тоа. Донесете го она што мислите дека ќе ги израдува домаќините и секако не заборавајте чоколади за децата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 08:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега