На скопјанка и се запали автомобилот во движење - Итно пренесена во болница

Во 23.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Трета македонска бригада’’ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус’’, со скопски регистарски ознаки, додека било во движење, управувано од 22-годишната Е.А. од селото Горно Количани, скопско.

Притоа, Е.А. се здобила со повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега