На скопјанец полиција му влегла дома па фрлал оружје од тераса

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против 44-годишниот С.С. од Скопје за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и  тргување со оружје или распрскувачки материи“  и 37-годишниот Ш.С. од Скопје за сторено кривично дело ,,прикривање“.

Во Скопје на улицата „18“, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на првопријавениот, второпријавениот Ш.С. од терасата фрлил пиштол ,,WALTHER PP Super“ калибар 9x18 мм и кутија со 49 куршуми калибар 9 мм, кои првопријавениот ги поседувал без соодветна дозвола.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2019 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега