На скопјанец му впериле пиштол пред малолетното дете

 

Во 02 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.З. пријавил дека околу 22 часот и 30 минути додека се враќал кон неговиот дом лоциран на улицата „Крсте Арсенов“ заедно со неговата сопруга и малолетното дете, пред влезот од зградата ги забележал како стојат Ш.З. и Љ.З.

Тие почнале вербална  расправа со него, а Љ.З. почнал да го влече и извадил нож и со истиот замавнал кон него, но С.З. успеал да се оттргне. Другиот насилник извадил пиштол, кој го репетирал и го вперил кон С.З. заканувајќи се дека ќе го убие.

Причина за нападот била нивна претходна расправија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

13.03.2018 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа