Тажна вест пристигна од Братислава која го потресе регионот – младата Џенифер, која ја освои јавноста како финалистка на првото издание на натпреварот „Евро Мис Рома“, почина на само 20-годишна возраст. Трагедијата се случила кратко по прославата на нејзиниот роденден, откако подолго време храбро се бореше со рак на белите дробови.

Организаторите на изборот за убавина се простија од неа со трогателни зборови, опишувајќи ја како жена со челична волја и неверојатна енергија.

„Со длабока тага ја примивме веста дека нè напушти прекрасна, силна и извонредна жена која беше дел од нашето семејство. Нејзината насмевка и љубезност ќе останат засекогаш во нашите срца. Почивај во мир“, објавија организаторите на социјалните мрежи.

Џенифер стана позната во 2024 година кога со својата убавина и харизма стигна до самото финале, оставајќи силен впечаток кај сите што ја познаваа.

Exit mobile version