На првиот ден од Рамазан Бајрам 10 жени загинаа при експлозија на гробишта во Авганистан

Најмалку 10 жени загинаа денеска при експлозија на гробишта во источниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Нападот се случил на првиот ден од празникот Рамазан Бајрам кога голем број муслимани ги посетуваат гробиштата.

- Експлозијата се случи на гробишта. Десет жени загинаа, а уште една жена и дете се повредени, изјави портпаролот на локалната полиција Хазрат Хусеин Машрикивал.

ФОТО: Нетпрес

 

13:17

најчитано сега