Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец, соопшти УХМР.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Од УХМР најавуваат дека во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност.
Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературата ќе опадне за неколку степени.


