На полноќ завршува пријавувањето на болните и инвалидизирани лица за гласање дома

 

 

Во Општинската изборна комисија (ОИК) - Штип денеска до пладне се пријавиле вкупно 15 болни и инвалидизирани лица да гласаат дома, еден ден пред Референдумот 2018.

Претседателката на Општинската изборна комисија - Штип Сенка Андреева вели дека просториите на ОИК вчерва се отворени до полноќ, кога истекува и рокот за пријавување. Таа додаде дека ова не се конечните бројки на пријавени лица, а в понеделник ќе ја знаат и официјалната бројка на болни и инвалидизирани лица кои своето право на глас ќе го искористат на 29 септември.

- Во текот на денот очекуваме да ни пристигне и недоверливиот избирачки материјал, а 48 часа пред Референдумот ќе го добиеме и доверливиот материјал. Завршија и обуките за членовите на избрачките одбори, рече Андреева.

Таа истакна дека во Штип има вкупно 77 избирачки места, кои на денот на Референдумот ќе бидат отворени во 7 часот, а затворени во 19 часот. 

 

 

 

22.09.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега