Точно на полноќ завршува изборната кампања за повторените локални избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Изборниот молк стапува на сила веднаш потоа и ќе трае до затворањето на гласачките кутии, в недела на 11 јануари во 19 часот.
Според Државната изборна комисија (ДИК), дистрибуцијата на гласачкиот материјал е во тек. Гласачките ливчиња и уредите за биометриска идентификација денеска се доставуваат до Општинските изборни комисии, од каде што ќе ги преземат Избирачките одбори.
Гласањето започнува утре, сабота, кога своето право на глас ќе го остварат болните, изнемоштените и лицата во затворите. Најмногу пријавени за гласање во домашни услови има во Гостивар (146), потоа следат Маврово Ростуше со 69, Врапчиште со 32, додека во Центар Жупа се пријавени само две лица.

