На Пелистер изгоре планинарската куќа „Ловечка“

Планинарската куќа „Ловечка“ која се наоѓа на надморска височина од 1950 метри на планината Баба изгоре и е неупотреблива во текот на вчерашниот ден.

Ова е втор планинарски дом кој гори на Пелистер, по „Копанки“ што изгоре пред осум години и уште не е обновен.


Ловечката куќа беше изградена пред повеќе од половина век на надморска височина од 1.950 метри на главниот пат за врвот Антена.

-Жално е тоа што се случило на планинарската куќа „Ловечка“. За жал, после „Копанки“, ова е второ сместувалиште на планинарите кое сега е неупотребливо. Планинарската куќа „Ловечка“ служеше за преноќување, сместување и одмор, но, за жал, оваа зима ќе биде неупотреблива, велат битолски планинари.

25.11.2021 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа