На Панчевски му се заканува суспензија

Судскиот совет по службена должност го прибавил обвинението за експретседателот на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, за злоупотребите со АКМИС системот, потврдија од Советот за „А1 он“.

Советот сега може да одлучи да го суспендира Панчевски, како што тоа неодамна го направи во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за управниот судија, Мустафа Шаини.

 Неодамна Панчевски се огласи за кривичната:

- Со денешниот фингиран предмет за АКМИС системот, Јавното обвинителство и власта потонуваат скоро 47 судии и исто толку јавни обввинители во прв степен, и сите судии кои постапуваат на кривична материја во Апелациониот суд во Скопје и Врховниот суд, Вишото Јавно обвинителство и Јавното обвинителство на Република Македонија. Ако Панчевски е криминалецот што распоредувал предмети, а суделе судии избрани од Судскиот совет во прва степен, а потоа постапувале по жалба и по вонредни правни лекови!

Со ваквиот потег власта амнестира 47 предмети од областа на организираниот криминал и корупција правосилно завршени во сите судски инстанци!

Кои криминалци од висок ранг ги спасува власта, а обвинителството на Јовевски одработува останува да видиме...

Со ова јасно станува чии права потешко се повредени, напиша тој.

 

 

 

Инаку, Скопското Јавно обвинителство по прибирање на сите материјални и вербални докази, денеска поднесе обвинение против поранешниот претседател на Основниот кривичен суд – Скопје за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

 -Обвинителството утврди дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот како службено лице – претседател на Основен суд Скопје I Скопје, со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на кривичното  дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, со пречекорување на границите на своето службено овластување. Притоа, обвинетиот потешко ги повредил правата на друг, постапувајќи спротивно на член 6 став 1 алинеја 3, 4 и 15 од Законот за управување со движење на предметите во судовите и на член 7 од Законот за судовите, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство

Иако, како што посочуваат од Обвинителството, бил должен да ја следи состојбата на управувањето со движењето на предметите во судот, а особено формирањето на предметите, предавањето на предметите во работа и состојбите со функционирањето на автоматизираниот информатички систем за управување со судските предмети, обвинетиот како претседател на судот влијаел врз начинот на електронската распределба на предметите што доаѓале во судот на одлучување.

Имено, обвинетиот со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот. Со ваквите дејствија, обвинетото лице на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2019 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега