На отпади за автоделови во Куманово најдени 24 возила без документи

 

Полицијата на седум депонии за авто делови во Куманово нашле 24 возила без документи .

Вчера во периодот од 08,30 до 16,30 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово во содејство со Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи и Царинска управа постапено е по план на СВР Куманово за контрола на седум депоа на правни лица на подрачје на Куманово кои расходуваат моторни возила и се продаваат на делови.

При извршената контрола во три автоотпади откриени се вкупно 24 моторни возила без соодветна документација, при што истите биле одземени. Од страна на Државиот пазарен инспекторат во еден авто сервис откриени биле две возила со македонски регистерски ознаки кои не биле заведени во книга за евиденција во трговија за што бил изготвен записник и потврда за привремено одземени предмети за  сторен прекршок по член 28 став 1 а казнив по член 57 став 1 точка 1 од закон за трговија.

Од страна на СВР Куманово ќе се вршат дополнителни проверки за пронајдените моторни возила и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.

 

 

 

10.11.2018 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега