На островот Крит запленети 410 тони експлозив

 

Четиристотини и десет тони експлозив се запленети на брод на островот Крит, јавија грчки медиуми. 

Контејнерите со експлозиви се пронајдени на брод што пловел кон Либија под танзаниско знаме.

Приведени се 11 членови на екипажот.Товарот бил ставен на бродот во турското пристаниште Мерсин.

Полицијата смета дека бродот е на компанијата Андромеда-шипинг што е во сопственост на грчки магнат и пренесувал експлозиви од Турција за Либија

 

 

 

11.01.2018 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа