На новинарите им се мерело температура пред да влезат во Вилата на Водно кај Пендаровски

Превентивни мерки против коронавирусот за новинарите денеска има и на прес-конференцијата на претседателот Стево Пендаровски, која се одржува на отворен простор, пренесува а1он.

Од порталот пренесуваат дека на вратата биле залепени информативните плакати на Министерството за здравство во однос на превенција и заштита од Ковид-19, столчињата за новинарите се поставени на раздалеченост од еден метар, а поставена е и маса на која има гелови за дезинфекција на раце, влажни марамчиња и ракавици за раце.

На влезот во Вилата на Водно на секој новинар му била мерена и температура, а новинарите биле известени дека доколку некој има температура повисока од 37,5 нема да може да присуствува на прес-конференција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.03.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега