На настанот нема ниту еден очевидец, вели Серафов

Директорот на бугарската Национална истражна служба Борислав Сарафов истакна дека во медиумите се појавиле доста шпекулации и псевдо експерти.

„По емисиите може да се видат 15 или 20 очевидци, всушност на настанот нема ниту еден“, кажа Серафов, во врска со сведоштвата на лицата кои изјавија за повеќе бугарски медиуми она што го виделе.

 

„Прво испрашни се двајца од патниците во автобусот, кои биле будни во моментот на несреќата. Двајцата даваат објективни информации, испитани се поединечно и исказите им се совпаѓаат, поради што ги земаме за исклучително точни. Денеска се испитуваат и двајца други кои се во болница“, изјави Сарафов.

25.11.2021 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа