На Легија повторно му се суди - судот направил грешка, се појавија нови докази

Милорад Улемек Легија се смета за неправедно осуден за убиство на Иван Стамболиќ и обид за убиство на Вук Драшковиќ во Будва.

Уставниот суд ја разгледува жалбата на Милорад Улемек Легија со која бара повторно судење за убиството на Иван Стамболиќ и обидот за атентат на Вук Драшковиќ. Неговиот адвокат Александар Ковачевиќ истакнуива дека ќе бара ново судење, бидејќи според него, сегашната пресуда која е донесена во трет степен, пред Врховниот суд е незаконска.-Судот во случајот на Легија примени строг закон и го осуди на 40 години затвор, иако требаше да примени поблаг закон и да го осуди на 15 години, бидејќи толкава е казната за делото за кое му е пресудено. Покрај тоа судењето треба да се повтори, бидејќи се појавија нови докази - рекол адвокатот на Легија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2019 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега