На Катица Јанева и било лошо - Одбраната бара да се однесе во болница

Третоосомничена во случајот Рекет, Катица Јанева, е во лоша здравствена состојба и нејзиите бранители бараат денеска да биде однесена во болницата Жан Митрев, јавува Либертас.

Од Жан Митрев оваа информација не ја потврдуваат бидејќи такви информации не споделувале со јавноста.

Специјалната јавна обвинителка втор месец е во притвор како осомничена во случајот “Рекет“, откако се случна нејзиниот глас во снимките на ла Верита.

Истрагата за случајот вчера беше проширена на уште четири лица и доби нов тек. 

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера потврди дека истрагата во првиот дел за „Рекет“ е при крај и дека обвинителката Рускоска работи на донесување одлука, додека надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

– Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евро од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица врз основа на заем или донација, се појаснува во соопштението.

Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот, се подвлекува во соопштението, присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Во „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари и други приноси од казниво дело. Второосомничен, за трговија со влијание, е Зоран Милески-Кичеец кој е во домашен притвор.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.10.2019 - 10:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега