На Инстаграм нога како од списание, а во реалноста не ја собира во кадар - таа ги измами сите со фотошопираните фотографии

Кралицата на современата R&B музичка сцена, Бијонсе, заедно со 7-годишната ќерка Блу Ајви присуствуваше на претпремиерата на римејкот на анимираната клчасика „Кралот лав“.

Бијонсе на црвениот тепих се појави во кристално сако - фустан од Александар Меквин.

Меѓутоа оние кои ја сакаат пејачката и нејзините верни фанови кои себеси се нарекуваат „пчели“, забележале дека Бијонсе на црвениот тепих не е истата личност, односно, изгледа поинаку.

Веќе не зборуваме за нуклеарна физика, туку за потребата на друштвените мрежи луѓето да изгледаат значително подобро отколку во реалноста.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on Apr 26, 2019 at 8:58am PDT

-Ова е проблем на модерниот дигитален свет. Нажите животи почнуваат да потсетуваат на научно-фантастичните приказни со паралелни димензии. Во една сме совршената верзија од себеси, а во другата таа која не ни се допаѓа. Ако сега се преселиме од фикцијата во реалноста, ситуацијата ќе биде следна - идеалната верзија е на друштвените мрежи, а онаа која не ни се допаѓа е во реалноста. Тоа што некој е најголема ѕвезда на планетата не значи дека не е под притисок, но тие се изложиле на јавна критика, па се одговорни за себе и својата презентација - објаснува психотерапевтот Миња Радовиќ.

Корисниците на Твитер се запрашаа кога познатите ќе престанат да лажат на друштвените мрежи и да зборуваат дека се искрени кога секоја фотографија ја средуваат со филтери.

„Она кога на фотографија имаш нога од насловна на Вог, а во реалноста не те собира во кадар“, напишала една корисничка под фотографијата на Бијонсе.

Bijonse na premijeri filma Kralj lavova

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.07.2019 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега