На „Фејсбук“ му се заканил дека ќе го убие- уапсен маж кој му се заканувал на канцеларот Курц

Австриец (41) од околината на Грац беше уапсен откако му се заканил на австрискиот канцелар Себастијан Курц со убиство.

Тој исто така се заканил дека ќе го разнесе во воздух дворецот Хофбург, кој е седиште на владата и претседателот на државата, пренесуваат тамошните медиуми.

Уапсеното лице испратило закани преку својот Фејсбук профил, а бидејќи и е познат на полицијата, заканата била сфатена многу сериозно, па затоа било наредено апсење, објави полицијата.

Имено, полицијата во неговата општина не можеше, поради претходни настани, да ја исклучи можноста дека тој може да се обиде да ја изврши заканата, и поради тоа државното обвинителство издаде налог за апсење, велат од полицијата.

Засега не се познати мотивите за заканите.

Макфакс

23.06.2021 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа