На денот со најголем сообраќаен хаос полицијата регистрирала 132 сообраќајни прекршоци

 

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 132 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции и 12 мерки за возење без возачка дозвола.

Дваесет и три прекршоци направиле пешаците, а 11 санкции им се изречени на возачи за недавање првенство на минување на пешаци и 31 мерка за непрописно паркирање.

Од МВР информираат дека ќе продолжат со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и во наредните денови, а до граѓаните апелираат да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. 

08.12.2021 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа