На цело семејство му праќал голи фотки од неа - Тетовчанка поминала низ пекол

 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Р.(46) од Синичане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на лични податоци“, загрозување на сигурноста“ и присилба“.

Пријавениот, во текот на 2019 на социјалната мрежа „Фејсбук“ отворил лажен профил на корисник на име на 46 годишна жена и од него обработувал и објавувал слики од оштетената. Пријавениот, преку апликацијата „Вибер“, од два мобилни броја, на оштетената, на нејзиниот сопруг и на  целото нејзино семејство им испраќал слики и текстови со вулгарна и недолична содржина и упатил сериозни закани по животот на оштетената и животите на нејзиното семејство, со цел да ја присили да биде со него во љубовна врска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега