На близнаци им дале имиња Ковид и Корона

Пар од индискиот град Раипур нашле необична инспирација за време на пандемијата од коронавирусот.

За секогаш да се сеќаваат на времето кога ги добиле децата, еден пар од Индија своите новороденчиња близнаци ги крстиле Корона (девојчето) и Ковид (момчето).

И Индија е тешко погодена од епидемија од вирусот Ковид-19, а цела земја веќе со денови е во потполна блокада.

Мајката (27) вели дека засега ова ќе бидат нивните имиња, но можно е да ги променат во иднина.

-Благословена сум со близнаци, девојче и момче. Засега ги крстивме Корона и Ковид. Ги родив во тешки околности па сопругот и јас сакавме тој ден да остане запаметен, рече таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 21:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега