На Антартикот пронајден отпечаток стар 200 милиони години, но тоа не е најчудното нешто што научниците го открија за ледениот континент

Научниците во текот на експедиција на Антартикот откриле фоссилен отпечаток од стапало од диносаурус, стар околу 200 милиони одини.

Откриен е отпечаток кој го оставил диносаурус од виидот архосаурус, наведе германскиот институт за геонаука иприродни ресурси, а засега не се знае точно за каков диносаурус се работи.

Научниците овој отпечаток го откриле во 2016 година, но сега е објавена статија  во магазинот "Polar Research".

Коски од диносауруси и порано се откриени во Викторијанската земја, но никогаш до сега немало ништо во северниот дел.

„Тоа е нешто што не очекувавме“ рекол водичот на експедицијата.

Освен тоа научниците откриле фосилни остатоци наоколу 1700 километри од јужниот пол.

„Тоа покажува дека Антартикот пред околу 200 милиони години не бил окован во мраз, како што е конитинентот денес“ вели тој.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2019 - 17:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега