На аеродромот го покажал пасошот, па сите останале зачудени: Индиец има 123 години и има три совети за долговечност

Персоналот на аеродромот во Абу Даби бил шокиран кога го видел пасошот на мажот кој пристигнал на терминалот, а во кој пишува дека тој има дури 123 години.

Свами Сивананда е роден на 8 август 1896 година во Бехали, Индија, a патувал од Колката кон Лондон кога застанал во Абу Даби. Ако датумот на неговиот пасош е точен, Сивананда е најстариот човек што некогаш живеел.

Како што се наведува, Сивананда ги загубил своите родители кога имал шест години, по што неговите роднини му дале духовен гуру со кого ја пропатувал Индија. Мажот изгледа многу помладо отколку што се претставува, и тој вели дека тоа е затоа што редовно вежба јога, е дисциплиниран и живее во целибат.

– Водам едноставен и дисциплиниран живот. Јадам многу едноставна, само зготвена храна без масло или зачини, ориз и чорба од леќа со неколку зелени чили. Избегнувам млеко и овошје затоа што мислам дека ова се луксузни производи. Во детството, многу денови спиев со празен стомак – рекол тој.

Инаку, Сивананда веќе три години се обидува да ги докаже своите години за да може да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега