Македонската театарска и филмска сцена синоќа претрпе огромен загуба откако по долга и тешка борба на 75-годишна возраст почина легендарниот актер Гоце Тодоровски. Веста за заминувањето на еден од најомилените актери кај сите генерации предизвика голем бран на тага во целата јавност.

Тажната информација преку емотивна објава на социјалните мрежи ја потврди неговата ќерка Сашенка, простувајќи се од својот татко кој остави неизбришлива трага во македонскиот културен идентитет.

Во својата емотивна порака, неговата ќерка ја соопшти веста за заминувањето на актерот:

„Го изгубивме, се предаде Гоце Тодоровски, почина, фамилијата Тодоровски ја објавува најтажната вест, по голема борба го напушти овој свет, лесна ти земја татко мој, вечен непребол. Душата не умира, а телото е премногу истрошено сега, летај со ангелите…. – објави неговата ќерка.“

Животен пат и богата театарска кариера

Гоце Тодоровски е роден на 30 април 1951 година во Кичево. По дипломирањето на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во класата на професорот Илија Џувалековски, својот професионален дом го пронајде во Драмскиот театар во Скопје.

Во текот на кариерата беше чест гостин и во други театарски куќи, а соработуваше со најголемите редителески имиња, меѓу кои Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин и Димитрие Османли.

Незаборавни улоги во „Македонски народни приказни“ и култни филмови

Неговата препознатлива харизма и хумор го направија заштитно лице на телевизиските екрани и радио брановите низ децениите.

Тој остави белег во бројни легендарни проекти:

  • Телевизиски серии и емисии: „Македонски народни приказни”, „Итар Пејо”, „Булки кај шините”, „Ајде да се дружиме”, „Трето доба”, „Хихирику“, „Во светот на бајките”, „Бушава азбука”, „Солунски патpидии”, „Трст виа Скопје“, „Чук, чук Стојанче“…
  • Култни филмски остварувања: „Викенд на мртовци“, „Тетовирани души“, „Среќна Нова ’49”, „Шеќерна приказна”, „Учителот“, „Црвени“, „Бол“, „Женски оркестар“…

Тодоровски е добитник на бројни високи признанија за својот уметнички придонес, а минатата година беше одликуван и со престижната државна награда „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста.

Exit mobile version