Астролошките анализи покажуваат дека четири хороскопски знаци го доживуваат светот на специфичен начин, а нивните брзи промени во расположението се последица на длабоки психолошки процеси и реакција на надворешни стимули.

Според астролозите, Рибите, Близнаците, Вагите и Скорпиите носат посебни механизми за справување со стресот, што директно влијае врз нивната емоционална состојба.

Рибите ги менуваат расположенијата поради изразената емпатија, апсорбирајќи ги емоциите на луѓето околу нив, поради што им е потребно повремено осамување.

Расположението кај Близнаците пак, зависи од присуството на нови информации и интелектуални предизвици, додека рутината и монотонијата кај нив веднаш предизвикуваат апатија и раздразливост.

Вагите реагираат како барометар на секоја неправда и дисхармонија. Нивниот стремеж кон идеалот и стравот од донесување одлуки создаваат внатрешен притисок и ненадејни емоционални осцилации.

За разлика од останатите, Скорпијата е емоционален вулкан кој со години го акумулира притисокот. Иако однадвор изгледаат смирено, тие ги задржуваат силните чувства во себе сè додека не дојде до силна емоционална експлозија, поради што експертите им препорачуваат физичка активност за ослободување од стресот.

Exit mobile version