На 3 дена пред изборите крах на веб архивата на ДИК

Вистински хаос владее на веб сајтот на ДИК на само 3 дена пред првиот изборен круг.
Освен резултатите од изборите во 2017 година, на веб сајтот на Државната изборна комисија која е задолжена да го спроведе гласањето не можете да најдете ниту еден податок за претходните изборни процеси.
Сите сервери кои ги хранеле апликациите кои што ги исфрлаа податоците од архивата на ДИК не се во функција.
Па така, ако сакате да проверите каква била излезноста или пак резултатите од полседните претседателски избори во 2014 година, ќе добиете само информација дека на „серверот му треба премногу време за да даде одговор“
Уште полошо е ако сакате да пребарувате постари податоци. Сите нив, ДИК ги префрлил на т.н. „стара страна“ која исто така не функционира бидејќи не работи серверот кој би требало да ја одржува.

Кога станува збор за ИТ капацитетите на ДИК, оние кои ги следат изборите знаат дека во оваа комисија времето како да застанало пред повеќе години, па речи си во секој изборен циклус имаме крах на системот што го прави невозможно следењето на изборниот процес.

ДИК имаше проблеми и со основната верзија на веб сајтот но пред неколку дена таа беше санирана.

Од Комисијата велат дека ќе проверат за што станува збор и дека ќе направат напори да го санираат проблемот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2019 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега