На 12 дена пред стартот на Пописот ни фалат една третина од попишувачите

Иако пописот е закажан за 1 април, во моментов Државниот завод за статистика нема обезбедно речи си една третина од потребниот број на попишувачи. Од потребните 5500 фалат над 1600 попишувачи. Поради ова, Државниот завод за статистика денеска повторно распиша оглас за ангажирање на попишувачи. 

Според огласот, најмногу попишувачи по 130 фалат во Аеродром и Кисела Вода. 127 недостигаат во Охрид а повеќе од 100 фалат во речи си сите скопски урбани општини. 

Огласот на Државната изборна комисија уште на стартот го следеа контроверзии откако почна да се споделува од партиските фан страни на вледејачката СДСМ по што следеа и бурни реакции на опозициајта. 

Но до овој момент се уште неизвесно е дали Статистика ќе го собере потребниот број на попишувачи и кога истите ќе ги обучи за спроведување на процесот имајќи предвид дека до официјалниот старт има уште 12 дена. 

А стартот се очекува веројатно во пикот на третиот корона бран кога бројот на нови случаи и починати пациенти секојдневно руши рекорди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2021 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега