МЗ за оние кои се тестираат: Задолжителна самоизолација до добивање резултат од ковид тест

Министерството за здравство информираше дека самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува. 

Ова се предвидува со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести што Собранието вчера вечер ги усвои. 

За прекршителите на овој член од Законот предвидена е казна од 50 евра, информираат од МЗ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега