МЗ: Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваат 433 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 433 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерство за здравство.
 
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа седум  пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, еден болен на Клиниката за Дерматовенерологија, еден пациент на ковид одделението на Клиниката за Гастроентерохепатологија и шест пациенти се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени десет лица.  
 
На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 38 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица.  Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 163 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, од кои 11 деца и 28 возрасни.
 
Од неделата пациенти сомнителни и потврдени за КОВИД- 19 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени 14 пациенти и има уште 11 слободни кревети.
 
Вкупно 433 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
 
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември. Во наредните неколку дена со работат ќе почне и ковид центарот на Клиниката ОРЛ.
 
Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа