МЗ: Во 2020 година во тетовската болницата примени се 30 нови лекари веднаш по завршувањето на студиите на тетовскиот Универзитет

 

Заменикот министер за здравство Илир Хасани, денеска оствари средба со директорот на Клиничката болница во Тетово Флорин Бесими и со Деканот за медицински науки на Универзитетот во Тетово Кастриот Хаџиреџа, информираат од Министерството за здравство.

Според информациите од Министерството, на средбата заменикот министер Хасани изразил максимална подготвеност за унапредување на условите во Клиничката болница во Тетово во сите области, како и за подобрување на квалитетот на образованието на студентите од овој факултет.

-Оваа установа успешно се справи со пандемијата од Ковид-19. Од почетокот на 2020 година во болницата примени се 30 нови лекари веднаш по завршувањето на студиите на тетовскиот универзитет. Тие, исто така ја почнале постапката за специјализација на Клиниките во Скопје, каде треба да специјализираат во различни гранки. Во моментов, установата има доволно лекари и друг медицински персонал за надминување на предизвикот со коронавирусот, се вели во известувањето.

Директорот Бесими се заблагодарил за посетата на заменик-министерот Хасани и истакнал дека соработката во иднина ќе биде многу поголема во подобрување на условите во институцијата која тој ја предводи

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега