МЗ: Уништен е турски инсулин од стоковите резерви набавен со паралелен увоз во време на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за здравство соопшти дека уништен е турски инсулин од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на претходната влада, без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификати, ВМРО-ДПМНЕ знаеле за тоа и должни се да одговорат зошто си играле со здравјето на пациентите?

Инсулинот од паралелен увоз, посочуваат од Министерството, е од времето на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните памтат и знаат, манипулациите нема да пројдат ни сега. Нов тендер за набавка на инсулини нема, затоа што за тендерот од 2018 година веќе се склучени договорите. Количините од стоковите резерви не се никако поврзани со количините за тендер. Воведени се три нови типови на инсулин, кои се најнова генерација на лекови – оригинални, со сертификат за квалитет и не се од паралелен увоз. Сега граѓани примаат оригинални инсулини. Не е како порано, да примаат инсулин без проверен ладен ланец и без оригинал сертификати. Во 2018 година се донесоа измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства. Оттогаш, сите лекови во нашата држава се со сертификат за квалитет. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз, истакнуваат од Министерството.

Претходната Влада, наведуваат од Министерството, им го скрати буџетот на пациентите со дијабетес.

– Во 2016 година буџетот за оваа ставка изнесувал 730 милиони денари, а 2017 година го намалиле и изнесувал 562 милиони денари. За 2020 година, предвидено е да изнесува 750 милиони денари. Зошто покрај инсулините од паралелен увоз го намаливте и буџетот? Тоа не е вистинска грижа за пациентите! Уништувањето на инсулинот е од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на претходната влада. ВМРО-ДПМНЕ многу добро знае што значи уништен инсулин од паралелен увоз од стокови резерви. Прашајте ги пациентите дали биле задоволни од паралелниот увоз на инсулин. И прашајте ги сега, колку се задоволни, потенцираат од Минитерството и апелирааат до политичката партија да престане со манипулациите. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2019 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега