Министерството за здравство, како правен субјект, нема никаква обврска или долг кон Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје. Тврдењата за неплатен долг од пет милиони евра се неточни и целта им е да се нанесе штета на угледот на Министерството или да се амнестира некој од сопствените обврски, се потенцира во денешното соопштение од МЗ, како реакција на соопштението од „Комунална хигиена“.

– Апелираме да се проверуваат информациите, особено кога станува збор за тврдења што можат да создадат забуна или да доведат до недоверба во институциите. Министерството за здравство продолжува да работи согласно законските обврски и со принцип на транспарентност во своите активности, истакнуваат од Министерството за здравство.

Exit mobile version