МЗ со добри вести: За еден ден оздравени 1.014 пациенти од Ковид 19- речиси половина од нив се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа од направени 1.192 тестирања, регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19, додека за жал починаа 34 лица.

Сепак добра вест е бројката на оздравени која изнесува 1.014 пациенти.

Најголем број од нив се од Скопје – 427, Охрид – 62, Прилеп – 59, Битола – 58, Кавадарци – 52, Куманово – 42, Велес – 40, Гевгелија – 35, Гостивар – 29, Струмица – 27, Кочани – 20, Тетово – 19, Штип – 18, Валандово и Берово – по 14, Кичево и Свети Николе – по 12, Македонски Брод – 11, Неготино – 8, Крушево – 7, Струга, Делчево, Пробиштип и Богданци – по 6, Радовиш – 5, Ресен и Демир Капија - по 4, Крива Паланка, Демир Хисар, Кратово и Пехчево - по 2, Виница, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 670.333 тестирања на Ковид-19.
 
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега