МЗ: Од петмината потврдени со коронавирус во Штип, двајца се од Радовиш

 Министерството за здравство, по  добиената информација од Институтот за јавно здравје, соопшти дека од денеска потврдените пет случаи во Штип, по завршувањето на епидемиолошката анкета е утврдено дека две лица се од Радовиш, кои се тестирале преку Центарот за јавно здравје во Штип.

Согласно ова, од потврдени 53 нови случаи дистрибуцијата по градови денеска е следна: Скопје -13, Куманово – 8, Штип – 3, Радовиш – 2, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје – 221, Куманово -93
Дебар – 49, Штип-18, Радовиш – 2, Прилеп – 24, Тетово – 17, Струга – 23, Велес – 9, Битола – 4, Охрид – 3
Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 1, Крива Паланка – 2, Кочани – 7. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.04.2020 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега