МЗ: Комплетно е реновирана службата за Итна медицинска помош во Велес

Во Здравствениот дом Велес во изминатите три години се извршени реконструктивни зафати во вредност над 10 милиони денари, со кои значително се унапредени условите за третман на пациентите од овој регион. Извршена е комплетна реконструкција на службата за Итна медицинска помош, во рамки на оваа јавна здравствена установа, во вредност од 3,6 милиони денари, со сопствени средства на установата. Во делот на инфраструктурните зафати извршена е и комплетна замена на вратите, како и реконструкција на кровот на Здравствениот дом, соопшти Министерството за здравство.

Изминатиот период во Здравствениот дом Велес, како што се посочува, се реализирани инвестиции, меѓу кои: набавка на нови ЕКГ апарати, спирометар, хидрауличен лифт, две нови амбулантни возила, како и друга медицинска и канцелариска опрема и мебел.

Со цел кадровско доекипирање на установата, во изминатите три години се реализирани 16 нови вработувања, од кои пет доктори на медицина, четири медицински сестри, стоматолог, логопед, дефектолог, возачи и хигиеничари.

Во моментот, двајца доктори од Здравствен дом Велес се на специјализација од областа вонболничка педијатрија, а еден доктор во областа медицина на трудот, со што во претстојниот период дополнително ќе бидат зајакнати овие специјалистички дејности во установата, стои во соопштението. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 10:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега