МЗ: Досега обезбедени 142 единици конвалесцентна плазма со која се третирани над 120 пациенти

 Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 142 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Станува збор за 100 дарители кои донирале плазма и досега над 120 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста, објаснуваат од Министерството за здравство.

– Потсетуваме дека граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние кои во моментов се борат со коронавирусот и што претставува врвен чин на хуманост. Преку подарената конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус, велат од Mинистерството.

Оттаму истакнуваат дека Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.

Формулар за донор на Ковид-19 ковалесцентна плазма.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 09:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа