МЗ: Да не се шпекулира дека смртта на родилката е поврзана со породувањето

 

Министерството за здравство апелира да не се шпекулира дека смртта 31-годишната родилка од Гевгелија која вчера почина на КАРИЛ е поврзана со нејзиното породување, бидејќи таа во болница била донесена пет дена по породувањето, пренесува Макфакс. Оттаму велат дека прво треба да се почека на резултатите од обдукцијата за да се утврдат причините за предизвикување на влошување на состојбата на родилката по породувањето и предизвикување смрт кај неа.

„Министерството за здравство е запознаено со случајот на 31-годишната родилка која била донесена од Општа болница Гевгелија петтиот ден по породување поради епилептични напади од непознато потекло во Клинички Центар Скопје“, се вели во соопштението.

Раководителката на КАРИЛ, Маја Мојсова, пак, вели дека пациентката кај нив била донесена без знаци на живот, без пулс и циркулација, поради што била реанимирана.

Од МЗ велат дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат постапува во рамки на своите надлежности и дека се врши вонреден инспекциски надзор во болницата во Гевгелија и кај матичниот гинеколог на починатата родилка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

19.07.2018 - 19:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега