МЗ: 78% од починатите биле невакцинирани, а 27 лица кои умреле - биле целосно вакцинирани

 
 
Министерството за здравство известува за тоа колку лица починале во текот на изминатата недела, колку од нив биле вакцинирани и дали имале хронично заболување. Потсетуваат дека за комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле  две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.  
 
Во период од 15.10-21.10.2021, починале 124 пациенти со Ковид 19, од нив над 78% биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 15.10 до 21.10, 97 пациенти починати со ковид биле невакцинирани, а само 27 од починатите примиле вакцина и ревакцина.  
 
Еден пациент е вакциниран со Фајзер. Двајца со вакцина Астра Зенека, шест починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 16 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм, двајца пациенти биле вакцинирани со вакцината Спутник В.  
 
Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале пациенти, кои починале со ковид, a биле вакцинирани.  
 
Детално по датуми
15 октомври  
-71 год. кардиолошко заболување
-80 год. кардиолошко заболување
-75 год. кардиолошко заболување ДМ  
 
16 октомври  
-69 год. кардиолошко заболување и дијабет
-72 год. со кардиолошко заболување и заболување на тироида
-74 год. кардиолошко заболување и дијабет
-68 год. каридолошко заболување и обеситас
 
17 октомври  
-87 год. кардиолошко и пулмолошко заболување
-86 год. кардиолошко заболување и дијабет
-65 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување и обеситас
-75 год. кардиолошко заболување
-80 год. кардиолошко заболување и белодробно заболување
-63 год. кардиолошко заболување
-69 год. каридолошко заболување и белодробно заболување
-71 год. кардиолошко заболување, пулмолошко заболување и дијабет
-69 год. кардиолошко заболување и обеситас
 
18 октомври  
-68год. кардиолошко заболување
-72год. белодробно заболување
-80год. кардиолошко и белодробно заболување
 
19 октомври  
-74год. крдиолошко заболување и обеситас
-83год. HTA ABI
-81год. HTA  
 
20 октомври
-79год. HBI
-79год. ХОББ и кардиолошко заболување
-67год. кардиолошко заболување
 
21 октомври
-93год. кардиолошко заболување
-89год. HTA  белодробно заболување.
 
 
26.10.2021 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега