МВР за инцидентот во Кочани: Маж се поли со бензин, па се самозапали

Маж се полил со бензин и се самозапалил пред трговскипот центар во Кочани.

Вчера во 11 часот и 50 минути било пријавено дека пред трговски центар во Кочани Б.И.(47) од Кочани се полил со бензин и се самозапалил, по што бил пренесен во ЈЗУ Кочани каде му биле констатирани тешки телесни повреди (изгореници), а потоа бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.01.2020 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега