МВР: Во Ченто немаше престрелка, туку сообраќајна несреќа

Министерството за внатрешни работи демантира дека синоќа имало престрелка во скопската населба Ченто како што објавија дел од медиумите.
 
Во соопштението од МВР се наведува дека се работи за сообраќајна незгода, а не за престрелка.
 
– Дел од порталите, вечерва шират лажни вести за наводна престрелка во скопската населба Ченто и дури лицитираат со повеќе убиени. МВР апелира до граѓаните да не наседнуваат на вакви подметнувања и да не веруваат на лагите кои ги пласираат овие портали, туку да се информираат од професионалните медиуми, кои објавуваат проверени информации, се наведува во соопштението од МВР. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2021 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа