МВР: Убиецот од прилепско веднаш беше откриен, политички субјекти да престанат со лагите

 

Министерството за внатрешни работи категорично ги отфрла сите невистини изречени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, околу завчерашното злосторство во прилепско, не само од аспект на злонамерните и неточни информации по однос на самиот настан, туку и поради обидот со измислици и маниупулации да се внесе страв меѓу граѓаните.

„Како и многу пати претходно, уште еднаш повторуваме дека времето партиско-штабски критериуми, како и вулгарното злоупотребување на институцијата завршија. Сега МВР работи професионално, а резултат на професионалната работа се расчистените убистваа како ова во прилепско, така и она во Велгошти, Дебар и други случаи. Злосторниците сега одговараат за своите злодела.


Како што и е познато на јавноста, настанот во прилепско веднаш беше расчистен, сторителот, односно осомниченото лице беше откриено и приведено неколку часа по свирепото злосторство, и со кривична пријава предадено на надлежното ОЈО. На јавноста и беа презентирани сите релеватни но и со закон дозволени информации, согласно Законот за кривична постапка и согласно надлежноста на Обвинителството по однос на кривично-правниот настан“ соопшти МВР.

Од таму апелираат до сите политички субјекти да престанат со ширењето лаги во интерес на стекнување на политички поени.

 

 

 

 

16.09.2018 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега