Вчера во 08:57 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Прилеп -Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен” со српски национални ознаки, управувано од В.К.(35) од Србија, патничко возило „сеат” со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(41) од Пробиштип, товарно возило „фиат” со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(57) од Охрид и патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(32) од Битола.
Во несреќата, возачите В.К., С.М. и М.К., како и М.М.(34), С.Ж.(36), М.З.(35), сите од Србија, сопатници од возилото „цитроен“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Додека, возачот В.П. и Д.А.(35) од Пробиштип, сопатник во возилото „сеат“, се здобиле со телесни повреди, констатирани, исто така, во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
- Мигрант со рана од огнено оружје пронајден кај ГП Богородица
- Дете преживеало хорор на улица во Скопје: До неа застанал автомобил со две лица и со закана ѝ ги зеле парите
- Ја истепал и ја избркал сопругата од домот заедно со нивните три деца – полицијата приведе тетовчанец
- Апсења во Скопје на повеќе локации
- Теа Таировиќ доживеала сообраќајна несреќа
- Зеленски пристигна во Србија, утре ќе се сретне со Вучиќ
- Ана излегла да се игра и не се вратила – по три дена полицијата ја пронајде жива и здрава
- Температурата во регионот падна за 10 степени


