Вчера е пријавено дека околу 14:15 часот на експресниот пат Штип-Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(72) од Штип и патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(18) од Струмица.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот на возилото ,,пасат“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот на возилото ,,голф” се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
Увид изврши јавен обвинител во содејство на екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Актуелно
- Добри вести за граѓаните: Поевтинуваат јајцата
- Македонија мрзне: Утрово измерени -16 степени
- (ВИДЕО) Камерите го снимиле ударот: Непознато лице со бокс ја искршило вратата на бугарската амбасада – МВР трага по сторителот
- Дневен хороскоп: Близнаците ќе расчистат некое недоразбирање, Стрелецот да размисли пред да зборува
- Нови цени на горивата од полноќ
- Ова се победниците на вчерашните повторени избори во четири општини
- Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз
- Ригорозниот закон за пушење објавен на ЕНЕР – јавноста може да критикува и да пофали

